Наместо паметни помагала и многу зборување, најважна е интеракцијата со вашето дете

Истражувањето покажало дека бројот на познати зборови не е воопшто толку важен за развој и функција на мозокот. Важна е интеракцијата и количината на двосмерната конверзација.

169

Сите постојано ви велат дека треба постојано да зборувате со своето бебе. А што велат истражувачите од Massachusetts Institute of Technology (MIT), Харвард и UPenn? Во новата студија која се бави си развојот на говорот кај малите деца, истражувачите откриле како треба да се зборува со децата за детето да има можности за најдобар развој. Не е важно само да им се зборува, важен е начинот како ќе го правите тоа.

Наместо само да изговарате зборови, од поедноставни до посложени, да им покажувате слики кои ги означуваат научените зборови, стручњаците нагласуваат дека од самите почетоци е важно децата да се вклучат во меѓусебен разговор.

Истражувачите го следеле она што го нарекле „конверзациски движењња“, или кога возрасната личност и детето разговараат меѓусебно со не повеќе од пет секунди пауза помеѓу зборовите. Со други зборови, важна е интеракцијата. Со истражувањето кое опфатило деца на возраст од 4 до 6 години, стручњаците од MIT кои се занимаваат со когнитивна наука заклучиле дека таков меѓусебен разговор буквално го менува мозокот на детето.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...