Каракачанов демантира дека Бугарија се откажала Камчев да ѝ биде почесен конзул: Не ширете невистини

608
ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, демантира дека во интервју за Канал 5 ТВ рекол оти Бугарија се откажува од бизнисменот Орце Камчев да биде нивен почесен конзул во Македонија.

„Во интревјуто министерот Каракачанов никаде не го вели ова. Тоа го има само во насловот, но никаде и во текстот објавен на Канал 5 и во видео записот што воениот телевизиски канал го направи. Бидете коректни и не ширете невистини“, се вели во демантот на бугарскиот министер, а пренесува МКД.мк.

ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...