Беше најубавата жена на светот, сега е жртва на 60 години помладо момче ФОТО

Нејзиниот поранешен возач и сегашен менаџер, Андреа Пјацола (32) е обвинет дека ја крадел славната италијанска актерка и дека од нејзините пари купил 300.000 евра вредно „ферари Ф12“.

26054

Славната италијанска актерка Џина Лолобриџида (92), некогаш една од најубавите жени во светот, во неделата доби награда за животно дело на филмскиот фестивал Таормина на Сицилија.

Филмската дива од 50-тите и 60-тите години давала интервјуа и се заблагодари со насмевка на лицето, и никој не можеше да насети низ каква драма таа, всушност, поминува.

– Лолобриџида е жртва на криминал. Му веруваше на тоа момче, а тој ја измами и искористи – рекол нејзиниот адвокат Микеле Гентилони за британски „Телеграф“.

Нејзиниот поранешен возач и сегашен менаџер, Андреа Пјацола (32) е обвинет дека ја крадел славната италијанска актерка и дека од нејзините пари купил 300.000 евра вредно „ферари Ф12“, а за „форд шелби ГТ“ дал 100.000 евра.

Тој ја оштетил актерката за повеќе од 3 милиони евра.

Како што тврдат, ѝ ја одзел куќата и двата мали хотели покрај Шпанските скали во Рим.

Ја изолирал актерката од пријателите и семејството за да ја ограбува, го обвини италијанскиот суд. Пјацола парите ги префрлувал во помали износи од 2013. до 2018 година на сметка која ја водел по името на својот татко, пренесуваат светските медиуми.

Членовите на семејството на Џина Лолобриџида и претходно го обвинувале Пјацола дека ја поткраднува актерката, но холивудската филмска легенда го бранела.Сега обвинението против Пјацола го потпишала римската обвинителка Елеонора Фини, обвинувајќи го дека ја искористил нејзината ментална состојба за да ја ограбува.
Инаку, Андреа Пјацола почнал да работи за актерката кога имал 24 години, прво како шофер, па секретар и на крајот менаџер. На разни свечености се појавувале заедно, рака под рака, па наголемо се шпекулирало за нивниот однос.

Лолобриџида во последното интервју рекла дека Пјацола само ја следи на настаните, зашто знае англиски, на местото на нејзиниот син Милко Сковиц Јуниор.

Милко Сковиц, синот на Лолобриџида и неговиот син Димитри се единствените нејзини наследници, а кон нивната тужба се приклучи и 58-годишниот Хавиер Ригау Рафолс, Шпанец и поранешен нејзин љубовник. Џина и Хавиер биле речиси 20 години во врска, кога актерката во 2007 година, точно пред свадбата, решила да ја прекине врската.

По шест години актерката дознала дека Шпанецот во 2010 година извел лажна церемонија на венчавка со неа во Барселона, користејќи друга личност, која се претставувала дека е Џина Лолобриџида.

Таа потоа покрена судски спор против Шпанецот, обвинувајќи го за фалсификат, поради желба да дојде до нејзиното богатство.

 

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...