Пепе оди во Арсенал

230

Арсенал постигнал договор со францускиот Лил во врска со доведувањето на крилниот напаѓач Николас Пепе во редовите на „топџиите“.

Како што наведува новинарот на Би-Би-Си Спорт, Дејвид Орнстејн, вредноста на овој трансфер се проценува на 80 милиони евра, износ што лондонскиот клуб ќе го отплаќа на рати.

Претседателот на Лил, Жерард Лопез вчера потврди дека во клубот се дојдени понуди од многу европски клубови, од кои го спомна само Наполи, кој исто така понудил 80 милиони евра, но, сепак, ќе му остават на Пепе да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Пепе, минатата сезона постигна 22 гола во француското првенство па застана на второто место на стрелци по Мбапе кој имаше 33 постигнати голови, а моменталната вредност на пазарот на трансфери му изнесува 65 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...