Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов, е речиси една година на слобода поради здравствени причини. Врз осноа на медицинска документација, прекинот му беше одобрен на крајот на август лани.
Потоа имало неколку пролонгирања и според последното решение издадено од судот во Штип, тоа е до 18 август година. Тогаш, тој треба да се врати во затвор.
Отсуството од затвор, потенцираат од Управата за извршување на санкции, нема да му биде пресметано во затворската казна од 14 години на која беше осуден.
Мартин Нешковски беше убиен на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во јуни 2011 година.