Зошто пиењето вода може да биде фатално за малите бебиња?

На доенчињата не треба да им се дава ништо освен мајчино млеко и/или формула затоа што така бебињата добиваат протеини, витамини, минерали, јагленохидрати и масти. Кога им давате вода, таа ги испира сите тие состојки од организмот, а тие се важни за правилен раст и развој.

1159

Иако изгледа безопасно, а често велиме дека е и најздрав пијалок, кај малите деца водата може да доведе до труење кое пак може да предизвика напади, кома, а понекогаш и смрт.

Според насоките, на бебињата во текот на првите шест месеци од животот треба да им се дава само млеко. Имено, според зборовите на Кејти Зератски, диететичарка од Мајо клиниката, бебињата можат да живеат без вода.

Сета потребна течност за нив е мајчиното млеко или вештачката формула. Правило е на бебињата до 6 месеци да не им се дава да пијат вода“, објаснила Зератски.

На родителите им советува на доенчињата да не им даваат ништо освен мајчино млеко и/или формула затоа што така бебињата добиваат протеини, витамини, минерали, јагленохидрати и масти.

Проитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...