Дете ќе плати казна поради селфи со Роналдо (ВИДЕО)

479
ФОТО: Принтскрин

Младиот Акмади Јаржанов од Казахстан влегол на теренот во Сингапур на мечот помеѓу Јувентус и Тотенхем, за да направи селфи со Кристијано Роналдо. Поради строгите закони на земјата, детето и неговиот татко завршиле во полиција.

Познатиот фудбалер, се чини, воопшто не бил вознемирен од непоканетиот гостин, напротив, се фотографирал со него, зборувал и му дозволил да седи со него и останатите. Меѓутоа, за полицијата тоа не било во ред.

Како што пренесуваат медиумите во Британија, Јаржанов ќе мора да плати висока казна поради упадот на стадионот.

– Го видов момчето како трче по теренот. Сфатив дека сака да се фотографира со Роналдо. Се исплашив дека обезбедувањето ќе го спречи, па му мавнав и го однесов до Кристијано. Кога го видов, не помислив дека станува збор за вознемирување – рекол тренерот на Јувентус, Маурисио Сари.

Од друга страна, детето дало изјава дека Роналдо е неговиот херој:

– Му реков на Кристијано дека сум негов фан и дека доаѓам од Казахстан. Тој ми рече дека ја посетил мојата земја. Ми посака среќа и ми понуди и вода.

По мечот, Акмади со својот татко завршил во полиција. Конзулот од Казахстан реагирал на време, па благодарение на него, младиот навивач поминал без потешки последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...