Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

1502
ФОТО: EPA-CARL-RECINE-POOL

Откако славеше на спектакуларното финале во Вимблдон, рекетот број еден во светот Новак Ѓоковиќ изјави дека до крајот на неговата кариера му остануваат уште две неостварени цели.

– Гренд-слемовите се во овој момент приоритет во оваа фаза на кариерата. Втората цел е да го соборам рекордот според недели на останување на првото место, а јас не сум далеку од тоа – изјави Ѓоковиќ за „Тенис чанел“.

Новак во неделата во натпреварот против Рожер Федерер ја освои 16-та Грен слем титула, му се приближи на Рафаел Надал со две титули Гренд слем заостанување и со четири до рекордот на Федерер.

Инаку, што се однесува до неделите поминати на чело на АТП листата, Ѓоковиќ влезе во 261 недела, а пред него се Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Рожер Федерер (310).

Големи се изгледите на српскиот тенисер со добар настап на „УС Опен“ да го собори рекордот на Швајцарецот Федерер, на првата позиција на АТП листата.

Фото: EPA/CARLRECINE/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...