До крајот на неделава ќе преовладува променливо време со повремен дожд и постепен раст на температурите, покажува повеќедневната прогноза на УХМР.
Утре ќе биде облачно, значително посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со повремени грмежи.
В среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат.
Кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.
Минималната утринска температура ќе биде девет степени, а масималната дневна ќе достигне до 35 степени.