Една од ѕвездите на Барселона, Џерард Пике ќе мора да се раздели со 2 милиони евра.
Дефазнивецот беше осуден во 2016 година да ја плати сумата за неплатени даноци за имиџ правата помеѓу 2008 и 2010 година, но ја обжали одлуката.
Неговата партнерка, колумбиската пејачка Шакира, исто така е на суд за долгови кон касата, но во нејзиниот случај сè уште нема пресуда.
Пике е уште еден играч на Барса кој има проблем со даночните власти во Шпанија, откако и ѕвездата Лионел Меси беше осуден пред одреден период за долгови кон властите.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA