Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури избувна во типичен груб стил против Енди Руиз, со кого се надева дека ќе има борба, за да му ги одземе светските титули. Мексиканецот ги освои, откако изненадувачки го нокаутира Ентони Џошуа во почетокот на јуни и сега промоторите чекаат натпревар помеѓу „циганскиот крал“ и Мексиканецот.
Руиз беше нарекуван со погрдни зборови од британските медиуми пред натпреварот со Џошуа, откако сам си призна дека сака да јаде брза храна и затоа качил доста килограми. Но, по победата над Џошуа овие дефиниции се намалија, иако сега Фјури го нападна за неговата тежина.
– Овој мал дебелко може да дојде и да изеде ќотек. Ако сака да добие неколку шлаканици, да заповеда. Енди Руиз, ако сакаш да те претепам, повели, не ми е страв од тебе, дебел! Толку ќе го тепам, што ќе му го смачкам стомакот и ќе плука колачи цел месец – вели во свој стил Фјури.
ФОТО: EPA / ROLF VENNENBERND