Познатиот НБА тренер Док Риверс ќе соработува во Клиперс со несудениот зет – Пол Џорџ.
Џорџ во 2014 година беше во сериозна врска со ќерката на Риверс, Кејли. Во тој период, тој ја запознал Данијела Рајиќ, која била стриптизета во ноќен клуб во Мајами. Џорџ ја изневерил Кејли со Рајиќ, која останала бремена.
Наводно, кошаркарот ѝ понудил милион долари на Рајиќ за да абортира. Таа го одбила, а ДНК тестот потврдил оти тој е таткото. Неговата врска со Кејли била завршена.
Данијела ја родила ќерката Оливија, а Џорџ не сакал да ја признае како свое дете, па Рајиќ ја барала правдата на суд.
Рајиќ и Џорџ ја обновиле романсата и во ноември 2017 година добиле уште една ќерка – Наташа.
Кејли Риверс по бурниот крај на врската со Џорџ, му станала девојка на братот на Стефен Кари, кошаркарот Сет.
Пол Џорџ пред неколку дена потпишал договор со Клиперс, чии играчи ги предводи Док Риверс. Српските медиуми пишуваат дека ќе биде интересно да се види како таткото ќе функционира со човекот кој ѝ го скрши срцето на неговата миленичка.
ФОТО: Инстаграм