Бразилецот Нејмар е близу до враќање во Барселона, објави „Спорт.ес“. Според извештаите на шпанските медиуми 27-годишниот фудбалер е подготвен да се врати во каталонскиот клуб за пониска плата и на договор со времетраење од пет години.
Нејмар во Париз заработува 36,8 милиони евра за сезона. Во Барселона нудат 24 милиони евра.
Во сезоната 2018/19 Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции.
Тој играше за Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра отиде во Пари Сен-Жермен.
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON