Роналдо им остави 20.000 евра бакшиш на Грците

848

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо пред почетокот на подготвките за нова сезона со семејство се одмара на јахта, а  неколку дена поминал во луксузен хотел во јужна Грција.

Според грчките медиуми, Роналдо плаќал за претседателски апартман 9.000 евра за една ноќ, а од него имал одличен поглед на Јонското Море и приватниот базен на располагање.

Португалскиот напаѓач бил толку задоволен од персоналот кој не дозволил папараците да се приближат во близина на хотелот, и им се заблагодарил со 20.000 евра бакшиш.

Роналдо ќе помине уште неколку дена на јахта на француската ривиера, а потоа ќе се врати во Јувентус, кој тргнува на летна турнеја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...