Платини во притвор

583

Според информативниот интернет портал „Медиапарт“, Мишел Платини изутринава бил однесен во полициски притвор, во рамките на истрагата за доделувањето на Светското првенство во фудбал на Катар во 2022 година, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Мишел Платини во моментов е на сослушување  во просториите на Антикорупциската канцеларија на судската полиција, во Нантер.

Поранешниот претседател на УЕФА се испитува во врска со истрагата за спорното доделување на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Фото: EPA/TATYANA ZENKOVICH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...