Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски денеска доживеал непријатна ситуација на која, како што изјави, ниту најмалку не се надевал.
– Доживеав да бидам непожелен во ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп, само затоа што заедно со моето семејство зборувавме на албански јазик. Јас сум репрезентативец на Македонија и давам се од себе на секој натпревар за оваа земја, искрено и од срце. Но, секако не гледам зошто немам право да зборувам со моето семејство на мојот мајчин јазик. Навистина се чувствувам многу посрамено – изјави Алиоски за Екипа.