Гвардиола одбил од Јувентус плата од 20 милиони евра годишно

236

Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ја одбил понудата да го предводи Јувентус.

Според „Еуроспорт“, италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот специјалист договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

Главниот кандидат за позицијата на новиот тренер на „бјанко-нерите“ е тренерот на Челзи, Маурицио Сари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...