На американскиот претседател во Бакингемската палата му покажале статуа на коњ кој му го подарил на кралското семејство во јули лани, пренесува „Индепендент“.
Кога го прашале дали го препознал подарокот, тој одговорил одречно, не сфаќајќи дека токму тој лани ѝ го подарил на кралицата Елизабета Втора.
– Мислам дека тоа ние ѝ го подаривме на кралицата – побрзала да му помогне сопругата Меланија.
Брачната двојка Трамп ја прошетале низ изложбата на американските артефакти, меѓу кои биле изложени и оние што го одразуваат шкотското потекло на американскиот претседател, некои што ја симболизираат неговата љубов кон голфот, па и документи и фотографии направени за време на посетата на членовите на кралското семејство на САД.