Гордана и Сенад: Липосукциската исхрана беше наша последна надеж!

Гордана почнала да ја применува липосукциската исхрана со 160 килограми и за една година загубила цели 60 килограми. Сенад, пак, не можел да се измери на вага, па докторот го испратил да се измери на сточна вага. Но, тоа не го направил. Затоа велел дека има 220 килограми, а всушност тежел многу повеќе.

773

Mоментот кога ќе сфатиме дека бегаме од реалноста и сами на себе ќе си признаеме дека имаме вишок на килограми, е клучниот момент на патот кон целосна промена на животниот стил. До тој момент се убедуваме дека не си правиме ништо лошо, се тешиме со храна и наизглед сме среќни, задоволни со себе и со својот живот, неоптоварани, а всушност, вантре во себе пропаѓаме. Липосукциската исхрана го промени животот на многумина, а со нас искуството го споделија двајца корисници на кои овој третман за слабеење.

Животната приказна на Гордана

Гордана Шикман загубила цели 60 килограми за една година со помош на липосукциската исхрана.

– Липосукциската исхрана почнав да ја применувам со 160 килограми, во период кога сѐ уште нормално работев и се движев. Но, тоа стануваше сѐ потешко, зашто веќе не можев да владеам со своите навики и начинот на живот и не можев да се гледам самата себе – раскажува Гордана.

Пресвртниот миг се случил кога медицинската сестра, при закажаниот CT преглед на главата, ѝ кажала дека не е можно да се направи прегледот. Гордана зачудено ја прашала зошто, а таа ѝ одговорила: „Имате повеќе килограми од тоа што апаратот може да поднесе“.

– Седењето на столица, било каде, беше еден од најголемите проблеми со кој се соочував во периодот на гојазноста. Се плашев да одам во фризерски салон и секогаш се срамев кога ќе видев дека фризерката за мене ја носи столицата без држачи за раце и потпирач. Верувајте ми, знаев по четири часа да стојам и да зборувам, да ја одбијам секоја понуда да седнам, само од оваа причина. Не смеев да седнам зашто знаев дека нема да можам да станам – се сеќава Гордана.

Приказната на Сенад

Сенад Беговиќ загубил 110 килограми за една година со помош на липосукциската исхрана.

– Дојдов до крајот, со главата до ѕидот, не можеше понатаму. Во еден момент побарав и помош од психолог зашто верував дека имам психички проблеми и дека тоа е причината за сѐ. Ги пополнив сите прашалници, направивме разговор, а психологот на крајот ми кажа дека сѐ е во ред и дека сѐ што треба да направам е да престанам прекумерно да јадам. Кај друг доктор пак, не можев да се измерам на вага, па ме испрати да се измерам на вага за добиток. Но, тоа не можев да го направам, се згрозував од самата помисла на тоа. Па така, на сите им велев дека имам 220 килограми бидејќи гојазните луѓе секогаш сакаат да ја намалат својата тежина за подобро да се чувствуваат. Рака на срце, имам многу повеќе од 220 килограми – вели Сенад.

Чувствувајќи се потполно безпомошен, Сенад се јавил во советувалиштето за липосукциска исхрана и зборувал со докторката.

– Секогаш заплакувам кога ќе се сетам на тоа. Ѝ кажав, цитирам, драго дете, ако вие  не ми помогнете, јас ќе умрам од дебелина. Таа ме сослуша и со благ глас ми рече да не се грижам и дека тие ќе ми помогнат. Се скршив во истиот миг и сфатив дека јас повеќе немам што да загубам и дека морам да се препуштам на стручни луѓе – вели тој.

Првиот третман Сенад го добил на домашна адреса и веднаш почнал со диеатата.

– Секојдневно се јавував во советувалиштето и прашував, а целиот персонал со мене зборуваше не само за диетата туку и за сѐ друго. Секогаш ме сослушуваа и ме водеа полека на патот до нормална телесна тежина – објаснува Сенад.

Липосукциската исхрана е диетен третман за слабеење кој вклучува медитерански начин на исхрана и помошни средства за слабеење одобрени од Европската агенција за сигурност на храната (EFSA). Протоколот за слабеење ги задоволува енергетските и нутритивните потреби на организмот, а делува на принципот да се присили телото да се храни со сопстените масни резерви. Многу е едноставен за користење, а за само 14 дена можно е да се „симнат“ од 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина без губење на мускулите. International Health дава стручно-консултативни услуги за правилно спроведување на протоколот за слабеење преку консултации и работа со клиентите.

Повеќе информации може да прочитате на www.LipoDIET.eu.

Во центарот на Скопје, на улица Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен „Мекдоналдс“), се наоѓа Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл хелт“. За бесплатни совети посетете го Липо Диет Центарот или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033, под раководство на д-р Валентина Крстеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...