Голем протест во Прага, се бара оставка од премиерот Бабиш

Пред две недели, на истоветниот протестен митинг на популарниот „Вацлавак” се собраа повеќе од педесет илјади души.

445

Вечерва на централниот, Вацлавски плоштад во Прага, се одржа голем протестен митинг што организаторите го најавија како поголем и од кадифената револуција од 1989 година. Според проценката на организаторите, на Вацлави намести се собрани 120.000 луѓе.

Пред две недели, на истоветниот протестен митинг на популарниот „Вацлавак” се собраа повеќе од педесет илјади души.

Вечерва, по петти пат се организира ваков протестен митинг насочен против новонаименованата министерка за правда Марија Бенешова, која, како што оценуваат протестантите ја загрозува независноста на судството. Некои театри во Прага го поместија за подоцнежните вечерни часови одржувањето на своите претстави.

Демонстрации за оставка на министерката за правда Марија Бенешова, од движењето АНО на премиерот Бабиш, се одржуваат секоја седмица од крајот на април. Протестите се поврзани со нејзината „заштитна улога” во аферата постара од десет години на премиерот Андреј Бабиш, кој важи за еден од најбогатите луѓе во Чешка. Него го нарекуваат чешки Трамп, кој го доби тнр.„Милеров извештај”. Извештајот е прелиминарен, кој викендов од свои извори го објави весникот „Хосподарске новини”. И во извештајот за Трамп, и во овој за Бабиш постојат назнаки за потенцијални неприкалдни, дури и криминални активности, но нема препораки за подигање обвиненија.

Претседавачот на партијата на пранешниот претседател на државата Вацлав Клаус, сега је презема улогата на американскиот сенатор Букер и бара отповикување на Бабиш и нови избори. Отаде ,,големата бара” страстите ги смирува Ненси Пелоси, која се плаши дека ,,хајката” против Трамп може да биде контрапродуктивна на изборите 2020 година. Бабиш го има својот чешки ,,Милер” но е соочен со опозицијата која ја нема Ненси Пелоси.

Во своето обраќање во парламентоот неколку часа пред одржувањето на протестниот митинг, премиерот Бабиш рече дека европската ревизија е напад врз целата Чешка Република, а не на него. ,,Пораката содржи знаци на напад на Бабиш, но е закана за чешките компании. Мораме да ги отфрлиме глупостите врз основа на фактите и податоците”, рече Бабиш во својот говор што траеше повеќе од половина час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...