Трамп задрема, а Меј се појави со длабоко деколте на кралската гозба (ФОТО+ВИДЕО)

Кејт Мидлтон беше облечена како принцезата Дајана со нејзината легендарна тијара.

10874

Дводневната посета на Трамп на Велика Британија не помина без интересни индормации кои редовно го следат. Тој денеска со премиерката Тереза Меј расправаа за договорот за слободна трговија по излегувањето на Британија од ЕУ, а додека тие разговараа водачот на лабуристите Џереми Корбин ги предводеше протестите против Трамп.

Корбин го бојкотираше синоќешниот кралски банкет, што го организира кралицата Елизабета II.

На вечерата на која присуствувале 170 гости, Трамп откако се заблагодари на љубезното гостопримство задрема додека зборуваше кралицата.


Освен тоа, спротивно на протоколот, за време на вечерата тој ја потчукнуваше кралицата по грбот.

На вечерата изненади и премиерката Тереза Меј , која се појави во црн фустан со длабоко деколте.

Принцот Хари и Меган Маркл не беа присутни на вечерата, поради новороденчето.
Затоа Кејт Мидлтон беше облечена како принцезата Дајана со нејзината легендарна тијара.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...