Неимар може за заврши во затвор поради силување

Девојката чие име не е обелоденето, поднесе пријава до полицијата, дека била силувана од Нејмар на 15 мај во хотел во Париз.

224

Бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на ПСЖ, Нејмар се соочуваа со петгодишна затворска казна. Тој е осомничен за силување, а полицијата му го конфискува мобилниот телефон.

Според бразилските медиуми, против Нејмар е покренато обвинение и тој требаше на 7 јуни да даде изјава во полиција во врска со случајот, но постапката е одложена за неколку дена поради репрезентативните обврски.

„Кариоките“ ги очекуваат пријателски натпревари пред Купот на Америка.

Бразилската полиција го конфискува и телефонот на девојката која го обвини Нејмар за злосторство. Истрага ќе се спроведе и поради фактот што Нејмар ги објави интимните слики на девојката. Во Бразил, таков чин се смета за кривично дело.

Девојката чие име не е обелоденето, поднесе пријава до полицијата, дека била силувана од Нејмар на 15 мај во хотел во Париз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...