Поранешeн фудбалер на Реал Мадрид уапсен поради местење резултати

502

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво, заедно со пет други лица, беше уапсен во Шпанија во голема акција поради сомневање дека се работи за криминална организација вклучена во измами во шпанскиот фудбал, објави „АС“.

Покрај Браво, уапсен е и претседателот на Хуеска, Агустин Ласаоса и шефот на медицинскиот персонал Хуан Карлос Галинда Лануса, поранешните фудбалери Борха Фернандез и Карлос Аранда, како и сегашниот играч на Депортиво, Ињиго Лопез.

Сите се обвинети за местење натпревари во сезоната 2016/2017 и 2017/2018 во Примера и во Сегунда.

Обвинетите се товарат за перење пари, поткуп, корупција и здружување со криминална организација.

Шпанското судство нареди скратената постапка да биде ставена под тајност до натамошна истрага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...