Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го отвори 17-от Меморијален турнир во мал фудбал „Бранители 2001“ во Крива Паланка, што се одржува во чест на сите загинати припадници на МВР.
– Меморијалниот карактер на фудбалскиот турнир има крајно благородна цел, во името на ненадоместливата загуба на нашите бранители – херои. Цел која во името на нашата совест и во име на највисоката вредност – човечкиот живот – треба постојано да не потсетува, како луѓе и како општество, никогаш да не заборавиме за жртвите и обврските кон нив, нагласи Спасовски.
Министерот Спасовски пред отворањето на турнирот, заедно со делегација од МВР, положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Крива Паланка.