Михаел Шумахер, по страшната несреќа на скијањето во декември 2013 година, кога тешко ја повреди главата, безмалку шест години речиси е во потполно изолација. Вилата во која се наоаѓа е затворена за јавностa… барем досега. Бидејќи семејството на славниот возач ја отвори вратата на таа зграда, и тоа за да се сними документарен филм за животот на асот на Формула 1.
Германските режисери Михаел Вех и Ханс Бруно Камеретнс направиле кинематографско дело под наслов „Шумахер“. Филмот е посветен, според многу оценки на најдобриот возач на Формула 1 на сите времиња, а премиерата е закажана за декември оваа година. Нивниот филм опфаќа различни аспекти од животот на Шумахер, а мозаикот од приказни се дава низ визурата на таткото на Шумахер, Ролф, сопругата Корина, како и децата Џина и Мик.
Како што авторите соопштиле, филмот се занимава со феноменот на Шумахер, и не ја согледува само спортската димензија на овој ас.
– Филмот нема во фокус само една голема спортска кариера, туку и ставовите на личноста на еден комплексен човек – навеле авторите.
Семејството Шумахер во целост го поддржала овој документарен филм, па ќе има неколку ретки интервјуа и досега невидена архивски снимки. Премиерата на филмот е планирана за 50. роденден на Шумахер и за 25-годишнината од неговиот прв триумф.
Пред пет години Михаел Шумахер на скијање на Француските Алпи удри во карпа и доживеа тешка повреда на главата. Цели шест месеци Шумахер беше во кома поради повеќекратните повреди на главата и ‘рбетниот столб. Многу работи поврзани со неговата рехабилитација сè уште се држат во тајност, дури и во моментов не е познато во каква здравствена состојба е легендарниот ас.