Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, смета дека капитенот на Каталонците Лионел Меси заслужува повеќе од „Златна топка“.
Според него, Аргентинец е од друга димензија.
– Јас дури и не би му дал „Златна топка“. Тој ја има надминато оваа награда. Меси е во неговата сопствена категорија. Има големи играчи, но тој е од друга димензија – изјави Бартомеу.
Меси во својата богата трофејна кариера меѓу многуте награди има освоено и пет „Златни топки“, награда која се доделува на најдобриот фудбалер на годината.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA