Триесет и три жртви во пожар кој уништи четири села во Јужен Судан

121

Пожарот, кој го зафати нискостеблестите растенија, потпомогнат од силниот ветер, се прошири и уништи четири села во Јужен Судан, усмртувајќи 33 лица, соопшти Атени Век Атени, портпарол на претседателот на државата.

Портпаролот истакна дека по пожарот 60 лица се во критична здравствена состојба и оти бројот на загинати може да се зголеми.

– Повредените примаат медицинска помош, која е недоволна поради зафрленоста на локацијата каде се случи пожарот – истакна Атени.

Министерот за информации Маток Вал денеска изјави дека пожарот уништил 138 куќи и оти настрадале 10.000 грла стока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...