Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, објави СДК.мк, повикувајќи се на МВР.
Сè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени во болница со Брза помош.
МЗТ Скопје вечерва го победи Работнички со 85-63 (48-36).