Во Ѓорче Петров откриени повеќе ливчиња од гласачи

1082

Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина Ѓорче Петров откри три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи. Тоа се случило на избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња.

ДИК поради ова го разреши избирачкиот одбор и донесе одлука да се поведе дисплинска постапка за членовите.

ДИК донесе одука и за селото Габер, општина Студеничани каде вчера над три часа не се спроведуваше гласање.Таму, ќе се гласа во вториот круг на 5 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...