ПСЖ покажа интерес за Бернардо Силва

69
ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES

Напаѓачот на Манчестер сити, Бернардо Силва, се најде во сферата на интересите на ПСЖ, објави шпанското издание на „Дон Балон“.

Се претпоставува дека раководството на клубот сака да им сигнализира на Килијан Мбапе и Нејмар дека тимот ќе ја зглеми конкуренцијата по уште еден неуспех во Лигата на шампионите.

Португалецот во случај на трансфер би можел да добие значително зголемување на платата.

Оваа сезона, 24-годишниот Бернардо Силва играше на 46 натпревари за Манчестер сити и постигна 12 гола со 12 асистенции. Неговиот договор важи до летото 2025 година.

ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...