Сахарска прашина ќе нè заплисне ноќеска и утре

629
ФОТО: МИА

Сахарска прашина ќе нè заплисне ноќеска и утре изутрина, најавуваат од УХМР.

– Има југозападни струења, а со тоа и траги на песок и прашина, па ноќеска и утре сабајле можно е врнежите да се со жолта боја. Тие не се опасни. Од  среда не се очекуваат врнежи, а со тоа ни сахарска прашина, но може да има заматеност во атмосферата, која нема да може да се воочи поради и онака актуелната заматеност што е присутна кај нас. Инаку, јужниот и југоисточниот ветер ќе придонесе сахарската прашина да ја има повеќе во западните делови од земјата – вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.

Како појава, прашината од Сахара ќе биде регионална.

Како што објави N1 телевизија, големи количества прашина од Сахара викендов  пристигнаа во западна Европа и на западниот Медитеран, а прашината веќе е во Хрватска.

Утре и задутре се очекува прашината да стаса во Србија. Во Европа прашината доаѓа од Алжир.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...