Заев од Шуто Оризари: Деца одеа во кал на училиште, денеска 6 улици се поплочени

Кога сме заедно можеме паралелно, по пат на донации, државата, општината и сите други јавни институции да решаваат акутни проблеми и прашања на граѓаните. Денеска сме овде на дело да видиме практична реализација на 6 улици кои беа далеку под стандардите благодарение на фирми донатори, под раководство на пратеникот Самка Ибраимовски. - рече Заев.

108

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Шуто Оризари кадешто остварија средба со градоначалникот Курто Дудуш, а потоа заедно со пратеникот Самка Ибраимовски се упатија во обиколка и разгледување на еден дел од населбата кадешто со помош на приватни донации се поплочени 6 земјени улици и се решени инфраструктурни прашања од интерес на граѓаните.

– Ви благодарам што сте денеска со нас во едно од најсиромашните маала во Република Северна Македонија, во Шуто Оризари заедно да ја покажеме солидарноста на дело. Кога сме заедно можеме паралелно, по пат на донации, државата, општината и сите други јавни институции да решаваат акутни проблеми и прашања на граѓаните. Денеска сме овде на дело да видиме практична реализација на 6 улици кои беа далеку под стандардите благодарение на фирми донатори, под раководство на пратеникот Самка Ибраимовски. Деца одеа во кал додека одеа и се враќаа од училиште. Денеска тоа е решено, 6 улици се поплочени, рече премиерот Заев.

Тој соопшти дека општината Шуто Оризари има поднесено апликација за поставување на атмосферска канализација во овој дел од населбата, во текот на летото, информираше дека во мај се очекува отворање на првата полициска станица во Шуто Оризари, и најави и дека ќе се отворат и детска градинка и спортска сала.

– Драго ми е што во фокусот покрај растот и развојот на државата, вниманието ни е насочено и кон најсиромашните. Кон оние на коишто им е потребна и неопходна инфраструктура и за чијашто реализација работиме сите ние заедно. Во 2018 година реализиравме од државните пари големи инфраструктурни проекти во 11 општини каде што живеат Роми. Во Шуто Оризари две улици се дел од таа реализација, едната е Виетнамска, другата е Волт Дизни. Едниот проект е 800.000 денари, другиот е 1 милион и 400 илјади денари. Такви проекти се реализираа и во Битола, Штип, Кочани и во останатите општини. Оваа година за комунална инфраструктура имаме нови 20 милиони денари“, истакна премиерот Заев, и апелираше до сите деловни луѓе и бизнисмени да продолжат да помагаат на унапредување на квалитетот на инфраструктурата за подобри услови за граѓаните од Шуто Оризари, како и во другите општини со ромско население.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...