Два часа пред екраните значи седум пати поголем ризик за АДХД, тврди нова студија

Истражување објавено во списанието PLOS ONE покажало дека децата, кои своето слободно време секојдневно го поминуваат пред екраните, се повеќе склони кон лошо однесување до својата петта година.

757

Децата од предучилишна возраст кои користат паметни телефони, таблети и други уреди повеќе од два часа дневно исто така имаат седум пати поголема веројатност дека ќе развијат АДХД, стои во студијата.

Времето поминато пред екраните има значајно влијание на развјот на детето, рекле научниците, предупредувајќи ги родителите дека мораат да го намалат.

Според тоа, пола час дневно пред екраните, па дури и помалку, би било оптимално за децата од предучилишна возраст, тврдат.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...