Заев во Дубровник на дводневен самит на Процесот 16 + 1

125

Делегацијата на Кина, предводена од премиерот Ли Кечијанг, допатува во Дубровник, на дводневниот самит на Процесот 16+1 во чии рамки ќе биде одржан и деловен форум на земјите од Централна и Источна Европа и Кина.

Иницијативата 16+1 Кина ја смета за интегрален дел од својот мегапроект „Еден појас, еден пат“ –  современ Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.

Премиерот на Кина допатува во Дубровник од Загреб, каде вчера, за време на неговата прва официјална посета на Хрватска, имаше средби со највисоките државни функционери, претседателката, премиерот и претседателот на Парламентот, Колинда Грабар Китаровиќ, Андреј Пленковиќ и Гордан Јандроковиќ.

Во Дубровник пристигнаа и шефовите на држави или влади на 16 земји од Централна и Источна Европа.

Владината делегација од Република Македонија ја предводи премиерот Зоран Заев и во нејзин состав се заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура Асаф Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...