Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа „семоќните“ да го преименуваат нашиот втор дом, реагираат Комитите, по одлуката на Владата најголемиот фудбалски стадион „Филип Втори“ да го преименува во Тоше Проески.
– Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде „Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!! „Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?” – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…
Прости им Великану, не знаат што прават !!, напишаа Комитите на Фејсбук.