Мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси веќе е фудбалерот со најмногу победи во шпанската Примера дивизија.
Ова се случи по победата од 2: 0 над Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, при што Аргентинецот одбележа еден од головите, а успехот беше 335 во неговата кариера.
На тој начин, Меси го надмина легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касијас, кој има 334 победи во Примера, а во моментов ја чува мрежата на Порто.