Кон крајот на јануари, јавноста беше потресена од веста за авионската несреќа во која животот го изгуби фудбалерот Емилијано Сала.
Како што пренесува Би-Би-Си, пилотот на авионот во кој се наоѓал Сала, немал дозвола за ноќно летање.
Дејвид Иботсон бил далтонист, не можел да ги разликува боите, па во неговата дозвола за летање стоело дека може да управува со авион само преку ден.
Телото на 28-годишниот Сала беше пронајдено, но не и она на Иботсон.
ФОТО: EPA / EDDY LEMAISTRE