Федерер: Имав луда недела

179

Швајцарецот Роџер Федерер по победа во финалето на турнирот во Мајами изјави дека направил неверојатен резултат.

Триесет и седумгодишниот тенисер во САД ја освои 101. титула во кариерата, победувајќи го Џон Иснер во два сета (6:1, 6:4).

– Можев само да сонувам за ваков почеток на годината. Имав луда недела. Среќен сум, ова е неверојатно. Првпат играв овде во 1999 година, и тука сум овде во 2019 година. Тоа значи многу за мене – изјави Федерер.

Швајцарецот беше четврти фаворит на Мастерсот во Мајами. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...