Kои се француските спортисти со највисоки плати?

256
 Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е француски спортист со највисока плата. Тој добива 33 милиони евра годишно.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе добива 24,7 милиони евра. Тој е првиот Французин кој влезе во топ 10, кој е на возраст под 20 години.

Пол Погба зема 22.1 милиони евра, а Карим Бензема, кој е четврти на листата, зема само 100 илјади евра помалку.

Во топ 10 има четири кошаркари. Батум е петти со 20,9 милиони евра, а Руди Губер го следи со 300 илјади евра помалку.

Усман Дембеле е седми во ранг-листата на „Екип“ со 19,1 милиони евра.

Топ 10 се комплетирани од Јоаким Ноа (17,5 милиони евра), Еван Фурниер (15,2 милиони евра) и Франк Рибери (14,3 милиони евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...