Перо Антиќ претседател на Олимпискиот Совет на МОК

971

Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет донесе oдлука Перо Антиќ да биде претседател на Олимпискиот Совет на МОК, на својата 117-та седница. Претседателот на Олимпискиот совет е во исто време и член на Управниот одбор на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.

На оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, да се потпише Меморандум за партнерство помеѓу  олимписките и спортски организации и Агенцијата за млади и спорт.

Овој документ е креиран врз основа на блиската соработка помеѓу ИОК и Организацијата на Обединетите нации (ООН) во која членува и Република Северна Македонија, во рамките на кои ИОК ужива статус на набљудувач, а особено е во соглсаност со принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Обединетите нации усвоена на 31 октомври 2014 година, со која ООН посебно ја потенцират независноста и автономијата на спортскиот систем. Овој документ е во согласност, поддржан е и е одобрен со многу Одлуки, резолуции и препораки од Обединетите Нации, Европската Унија, Генералното Собрание на Советот на Европа, Европскиот суд на правдата и на другите владини меѓународни институции. УО на МОК предложи да започне комуникација и дискусија помеѓу Македонскиот олимписки комитет и Националните спортски федерации од една страна и Агенцијата за млади и спорт од друга страна која ќе резултира со потпишување на овој Меморандум и негова имплементација во новиот Закон за спорт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...