Европското поединечно првенство во шах синоќа беше свечено отворено во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Општина Аеродром, каде што присуствуваше и градоначалникот Златко Марин, соопшти Општината на официјалната страница на Фејсбук.
– На Европското првенство што се одржува од 17 до 30 март се натпреваруваат околу 400 претставници на федерации кои се членки на Европската шаховска унија (ЕКУ). Турнирот се игра по швајцарски систем според турнирските правила на ЕКУ и Светската шаховска федерација. Првенството е во организација на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Шаховската федерација, Општина Аеродром, под покровителство на Европската шаховска унија – пишува на Фејсбук.