Сенаторот од австралиската држава Квинсленд, Фрејзер Енинг го осуди масакрот , но рече дека тој е резултат на стравот од муслиманите кои живеат во Австралија и Нов Зеланд.
– Вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денеска е имиграциската програма, со која на муслимански фанатици им се дозволи да се населат во Нов Зеланд, напиша 69 годишниот сенатор во своето официјално соопштение.
– Нека ни биде јасно, иако муслиманите можеби се жртвите денес, обично тие се извршителите. Низ светот муслиманите убиваат луѓе во името на својата вера во индустриски размери – додаде Енинг.
Сенаторот го спореди исламот со фашизам и смета дека „следбениците на таа дивјачка религија иако не се убијци во овој случај, тоа не ги прави безгрешни”.
По вакавите наводи во официјалното соопштение на австралискиот сенатор, огромен број луѓе во светот, како и во Австралија побараа веднаш да си поднесе оставка.
28-годишниот Австралиец, Брентон Тарант упадна во две џамии и со автоматско оружје уби најмалку 49 луѓе.