Мајко моја што ме снајде, Ера Ојданиќ се смрзнал кога слушнал дека убиецот од Нов Зеланд ја слушал неговата песна

7335

Австралискиот екстремист Брентон Тарант пред да пука во џамија во Нов Зеланд ја слушал песната „Златиборе висока планино“ на Ера Ојданиќ. Ојданиќ се запрепастил кога слушнал за масакрот.

– Мајко моја, што ме снајде? Терорист од Нов Зеланд ја слуша мојата „Златиборе, висока планино“. Ова е страшно… ова е ужас! Не можам да верувам. Кога ја слушнав на телевизија мојата музика, кога најавија дека се убиени 39 луѓе и десетици се ранети… Што можам да кажам? Многу ми е жал! Моето искрено сочувство на сите семејства од Нов Зеланд кои ги изгубија своите најмили во џамијата – рекол Ојданиќ за српски „Курир“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...