Новиот претседател на ДР Конго, Феликс Чисекеди помилува речиси 700 политички затвореници кои се зад решетки од времето на претходниот претседател Жозеф Кабила.
Чисекеди кој положи заклетва на 24 јануари како претседател, потпиша указ со што исполни ветување дека ќе го направи тоа во првите 100 денови од мандатот во поранешната белгиска колонија.
Победата на поранешниот опозициски лидер на изборите од 30 декември минатата година беше помрачена од обвиненија дека склчил заткулисна зделка со Кабила да не дозволи победа на другиот опозициски лидер Мартен Фајулу.