Атиџе Муратова: Не ми недостасуваат телевизор и радио, туку луѓе за муабет

Има завршено само 4 одделенија, но течно зборува 4 јазици: турски, македонски, албански и влашки и ја знае најголемата и наједноставната мудрост – знае дека колку што ќе земеме од природата, толку треба и да ѝ дадеме за да може да ја зачуваме. Со Атиџе, пчеларката од документарецот „Медена земја“, се запознавме во „Наџак“. Да, да, среде Скопје, не во селото Бекирлија кадешто е снимен филмот, но целиот тој сув предел, по некоја самоникната грмушка и разрушени куќи, сето тоа го видовме повторно, во преубавите шарени очи на Атиџе.

4537

Дали е можно да се живее целосно независно од модерната технологија, надвор од виртуелната стварност исполнета со разни Инстаграми, Фејсбуци, Твитери, да се живее без телевизор, компјутер, и телефон, да се биде неоптоварен со материјални нешта? Дали е можно да се живее во хармонија со природата која ни нуди сѐ што ни треба во животот, но само доколку сме праведни со неа и не земаме повеќе отколку што ни е потребно?

Дали е тоа можно во овој наш свет, тука и сега, во 21.век?

Дали можете да верувате дека некој сѐ уште, и тоа не затоа што дал отказ на работа и решил да го смени од корен својот живот, па се вратил во родното село, или заминал на планина (такви примери има сѐ повеќе во светски рамки, ама кај нас сѐ уште животот тече во обратна насока, од село во град), туку затоа што и нема друг избор, освен да живее токму така, во хармонија со природата, без оглед колку  е таа дива и сурова?

Да, верувајте, бидејќи токму така живее Атиџе Муратова – стабилно, хармонично и достоинствено, во грижливо воспоставен хармоничен и праведен однос со природата.

Фото: Љубомир Стефанов

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...