Пет повредени навивачи на Олимпик Лион од кои еден со убодна рана од непознато оружје завршиле во болница по нередите низ улиците на Барселона што претходеа на шпанско-француската фудбалска пресметка на „Камп Ноу“ во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Радио „Кадена СЕР“ јавува дека пет Французи побарале медицинска помош, откако, како што тврдат, биле нападнати од група момчиња со обележја на Барселона. Најголемиот инцидент се случил на плоштад во близина на „Камп Ноу“ каде групата приврзаници на Лион, „Бед Гоне“ била дочекана од фракција антифашисти на Барселона.