Дали е можно да се живее целосно независно од модерната технологија, надвор од виртуелната стварност исполнета со разни Инстаграми, Фејсбуци, Твитери, да се живее без телевизор, компјутер, и телефон, да се биде неоптоварен со материјални нешта? Дали е можно да се живее во хармонија со природата која ни нуди сѐ што ни треба во животот, но само доколку сме праведни со неа и не земаме повеќе отколку што ни е потребно?
Дали е тоа можно во овој наш свет, тука и сега, во 21.век?
Дали можете да верувате дека некој сѐ уште, и тоа не затоа што дал отказ на работа и решил да го смени од корен својот живот, па се вратил во родното село, или заминал на планина (такви примери има сѐ повеќе во светски рамки, ама кај нас сѐ уште животот тече во обратна насока, од село во град), туку затоа што и нема друг избор, освен да живее токму така, во хармонија со природата, без оглед колку е таа дива и сурова?
Да, верувајте, бидејќи токму така живее Атиџе Муратова – стабилно, хармонично и достоинствено, во грижливо воспоставен хармоничен и праведен однос со природата.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.