Бекам шокиран од негова статуа, а на неа тој со три заба и голема брада ВИДЕО

968

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам бил многу возбуден пред да ја види својата статуа, која фудбалскиот клуб ЛА Галакси ја изработил во негова чест. Но откако ја видел, возбудата ја заменил со лутина.

ЛА галакси сакал да ја претстави скулптурата на раскошна свеченост во чест на Бекам, најдобриот фудбалер во историјата на тој клуб. Но Англичанецот не знаел дека клубот се здружил со познатиот комичар и водител Џејмс Корден за да се пошегуваат со него, па вистинската ја замениле со лажна, на која Бекам не е претставен во најдобро светло.

На Бекам не му се допаднало што на скулптурата е со три заба и големи брада и задник.

– Доаѓа сопругата. Среќа што не доаѓаат децата да го видат ова, бидејќи би плачеле. Не сакам да ве навредам, но ова беше голема работа за мене. Ова е навредливо – изјави бесниот Бекам, обидувајќи се да излезе од просторијата.

Во еден момент влегува Корден и на Бекам му стана јасно дека е шега во прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...