Само девет месеци откако си замина, Зинедин Зидан одново се враќа на старото добро место, Мадрид.
– Зинедин Зидан е нов тренер на Реал Мадрид. Тој потпиша до 30. јуни 2022 година. Французинот се враќа во клубот каде направи историја и како играч и како тренер. Со него на клупата тимот стартуваше една од најтрофејните ери. За две години и пет месеци со него освоивме девет титули од кои три во Лигата на шампионите, две Светски клупски шампион, две Европски Суперкуп, една лига титула и една во шпанскиот куп, стои во соопштението на Реал Мадрид.