Икарди повторно одби да игра

205
ФОТО: EPA /ROBERTO BREGANI

Мауро Икарди повторно не e во групата на Интер, откако одбил да се приклучи на тимот пред важнотo гостување на „нероазурите“ кај Ајнтрахт (Франкфурт). Аргентинецот му рекол на Лучано Спалети дека сѐ уште чувствува болка во колената и не сака да го ризикува своето здравје.

Последниот натпревар на Икарди во дресот на „сино-црните“ беше на 9 февруари, а четири дена подоцна клубот ми ја одзеде капитенската лента.

Битката меѓу Интер, Мауро Икарди и Ванда Нара продолжува со целосна сила. Тешко би можело да се предвиди што ќе се случи до крајот на сезоната, но барем засега изгледа дека Икарди нема желба да се врати во тимот.

Бројките, исто така, не зборуваат во корист на Икарди. Минатата сезона, напаѓачот стана најдобар стрелец на Серија „А“, постигнувајќи 29 гола. Оваа кампања не е толку добра за Маурито. Аргентинецот постигна само девет гола, а последен пат беше стрелец во мечот против Удинезе во шампионот (15-ти декември).

ФОТО: EPA /ROBERTO BREGANI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...